Македонија
29. September 2022 - 21:15

Дали пожарот во ДУИ ќе се прошири во Владата?

Имаме нова ситуација на политичкото милје. Изборните порази на ДУИ ја буткаат партијата кон реконструирање, а Oгнената група добро го процени моментот кога да бара нешто повеќе, вели аналитичарот Бесим Небиу.

Но има ли потенцијал оваа внатрепартиска пресметка во ДУИ да го загрози парламентарното мнозинство?

“Јас мислам дека не, тие немаат проблем што ДУИ е во коалиција со СДСМ...”

Според Небиу, постојат две причини за последните случувања во ДУИ. Едниот е секако губењето на изборите во Тетово и во Гостивар.

Незадоволните членови на ДУИ денеска беа на разговор кај Ахмети во партиското седиште.

Превирањата во ДУИ се одразија и во градската управа. Огнената група доби директорски места во градските претпријатија, а последица од ваквата одлука е оставката на заменик градоначалничката на градот, која доаѓа од Алијанса за Албанците.

ДУИ има пет советници во град Скопје, а дел од нив се потпишани на писмото од Огнената група. Извори за Сител откриваат дека постои тие веќе се договориле со градоначалничката да и дадат поддршка во градското собрание.