Македонија
28. May 2020 - 19:45

Дали поглаварот на ИВЗ Реџепи е сменет легално? Извори за Сител велат-не!

Поглаварот Сулејман Реџепи има право да се спротистави на одлукта за разрешување која вчера ја донесоа муфтиите. Прекршена е процедурата според која е свикана вонредната седница на Ријасетот тврдат извори од оваа верска заедница за Сител. Согласно правилата, муфтиите требало да побараат од Реисот да свика седница на која тие ќе се изјаснат. Дали Реџепи ќе го спори разрешувањето, се уште е непознато бидејќи официјална реакција од него нема.

Гостиварскиот муфтија кој ќе ја извршува привремено функцијата Поглавар, вчера соопшти дека  одлуката е донесена согласно членовите 36 и 38. 

Во првиот стои дека седница може да свика Реисот на барање  од 1/3 членови на Ријасетот кој патем и носи одлуки за разрешувања и именувања на функциите 

Во членот 58 пишува дека  разрешување на функционери во ИВЗ вклучувајќи го и Реисот може да се направи доколку тој работи спротивно на нормативите, одредбите на Ријасетот, не ги почитува условите, доколку е осуден на повеќе од 6 месечна казна затвор, неспособност да ја извршува должноста. Вработените во ИВЗ и службените лица од канцеларијата, почнувајќи од Реис уллема до музеин, можат да бидат отповикани и разрешени ако телата и институциите на канцеларијата сметаат дека :

-Не ги извршува обврските за кои е назначен. 

-Неговиот став и работа е спротивен на исламските норми и нормативните акти на ИВЗ.

-Работи спротивно на одредбите и одлуките на надлежните тела на ИВЗ

-Неуспешно ги извршува своите должности и обврски

- Поради  болест, возраст, смрт или желба да си замине

- Ако е осуден на затворска казна повеќе од шест месеци

- Дисциплинската и материјалната одговорност се определува со посебни правила

Конечната проценка за одземање и разрешување ја прави Ријасетот на ИВЗ

 Во јавноста како една од главните причини беше наведена веридбата на Реисот Реџепи со 50 години помлада сопруга. Но, ниту според законите во државата ниту според верските правила овој чин не е спорен. Новинарот Марјан Николовски  кој ги следи верските состојби во државата, смета дека оваа смена ќе значи и дефинитивно заминување на Реџепу од престолот. Но, според него многу важно е оној кој ќе го наследи да го задржи курсот на традиционалниот ислам во Македонија, кој Реџепи успеа да го одбрани изминативе 14 години. 

Битката за тоа кој ќе ја преземе функцијата поглавар на ИВЗ ќе се води помеѓу гостиварскиот и тетовскиот муфтија. По разрешувањето беа најавени избори за официјално да се гласа нов Реис, но според познавачите тоа нема да се случи пред парламентарните избори во државата.