Македонија
12. October 2018 - 16:34

Дали Планот Б кој го предлага Коѕиас е можна алтернатива на Договорот од Преспа?

Она што  Каменос го нуди со планот Б може да биде само утешна награда за Македонија  и ништо повеќе, вели поранешниот амбасадор во Алијансата , Нано Ружин.Според него , предлогот на грчкиот министер за одбрана за безбедносен догвор мегу Грција, Албанија, Бугарија и Македонија, на кој подоцна би се приклучила и Србија, во ниеден случај не може да биде замена за членството во НАТО.

Не може да биде субститут,во услови на неформалнана органиација не важат правилата на АЛијансата, кога некој ве нападне другите членки да ве бранат....

И Премиерот Заев денеска преку својот твитер профил порача дека само преку НАТО , Македонија може да обзебеди стабилност  и напредок. 

Граѓаните бараат стабилност, безбедност и економски просперитет. Единствениот пат до овие цели е преку членство во НАТО и ЕУ. Друга алтернатива нема и не може да има, нашиша ЗАед на социјалната мрежа.

Сепак за алтернативниот предлог на Каменос на големо се зборува во Грција. Опозицијата неговиот настап во Вашингтон дури го спореди со ураган. За есс амбасдарот Ружин нема дилема дека пробниот балон на колаициониот партнер на Ципрас нема да наиде на плодна почва во САД.

Следниот месец, во Солун е закажана средба мегу министрите за надворешни работи на Македонија, Бугарија, Албанија и домаќинот Грција. На маса ќе биде регионалната соработка и безбедноста во регионот.