Македонија
15. October 2021 - 16:47

Дали отисокот од прст како условот за одржување на изборите ќе биде задолжителен пред гласање

Иако беше услов за одржување на избори, сепак во недела ќе може да се гласа и без отпечаток од прст.

Од Државната изборна комисија потврдуваат дека е можно фингер принтовите да не го препознаат секој отисок. Но ниту еден гласач нема да биде вратен и токму затоа оставена е можност идентитетот на гласачите да се утврдува и преку лична карта и преку матичен број.

Даштевски тврди дека идеални избори не постојат и дека ниту отпечатоците за прсти не гарантираат 100 процента заштита од изборни злоупотреби. Секој соминтелен глас, ден по изборите ќе се проверува и со базата со сите лични податоци.

Секој избирачки одбор сепак ќе добие и лампа и спреј во случај апаратите за биометриска идентификација на гласачите да бидат нефункционлани, но Даштевсли вели дека вакви проблеми на денот на изборите не се очекуваат.

Апаратите денеска и утре се монтираат во сите избирачки места. Тие нема да се користат утре, кога правото на глас ќе го остварат стари и изнемоштени лица, затвореници и сите кои се во изолација поради Ковид-19.