Македонија
1. July 2021 - 17:01

Дали нула е нула: Од денеска нема роаминг со земјите од Западен Балкан

И покрај укинување на роаминг тарифата помеѓу земјите на Западен Балкан, АЕК препорачува корисниците пред да тргнат на пат, да се информираат кај својот оператор што им следува согласно нивниот пакет. Надвор нема да ви следува истата количина на интернет  којa ja имате дома, предупредуваат од агенцијата.

– Ако имаме 10 ГБ мобилен сообраќај дома, би ималe околу 2.5 ГБ во странство, велат од АЕК.

Кога ќе се достигне лимитот, операторот ќе го прекине интернетот, и ќе го информира корисникот со СМС, а тој ке може да порача дополнителен интернет, по цена која е одредена од операторот, велат од АЕК. Инаку режимот Роаминг како дома  кој ги опфака Албанија, Црна Гора, Србија, Косово и БИХ важи за сите услуги, при што цената на телефонирањето дома и во овие земји ќе биде иста.

Од АЕК велат дека засега нема олеснување во роамингот со Грција и другите земји земји на Еу, но се работи на тоа. Србија од први јули го намали импулсот со Грција и до 90 проценти.