Loading Video...
Бизнис
21. July 2021 - 21:32

Дали новите даночни политики на ЕУ ќе влијаат врз странските компании во Македонија?

Македонската економија засега ќе остане имуна на промените што ќе ги донесе реформата на глобалните даночни политики. Согласно одлуката на земјите од Г 7, технолошките гиганти ќе плаќаат повисоки даночни стапи, данокот на добивка нема да смее да биде понизок од 15%. Дали ова ќе има влијание на фабриките во македонските зони. Директорот на ТИРЗ вели дека одлуката се однесува на гигантите од ИТ секторот и во овој момент не ги засега компаниите во зоните.

Одлуката на Г7 и ОЕЦД се однесува на технолошките гиганти  Епл, Нетфликс, Амазон, Фејсбук, Гугл...кои отвораат компании во земји со ниски даноци за да имаат поголем профит. Оваа мерка треба да стави крај на даночните раеви. Засега, против одлуката се Унгарија, Ирска и Естонија кои имаат пониски даночни стапло за добивка.

Во земјава данокот на добивка изнесува 10%, а компаниите во зоните користат низа олеснувања. Во нив работат околу 15.000 работници.