Македонија
3. February 2020 - 19:28

Дали новиот собраниски состав ќе има еднаков број мажи и жени?

Дали новиот собраниски состав ќе има еднаков број на мажи и жени.

Во пресрет на изборите, собрансиката комисија за еднакви можности подготвува иницијатива за еднаква родова застапеност на патеничките листи, но барем засега претседателката на комисијата вели дека пратеничките немаат храброст да ја поддржат иницијативата.

Потешкотии во почитување на законските одредби имаат и општинските комисии за еднакви можности на мажите и жените. Овие комисии немаат конкретни информации за родовата застапеност, а  плановите по кои работат се препишуваат од година во година без да се прецизираат конкретни чекори.

За подобрување на состојбите, во меѓувреме во Собранието се подготвува и нов закон за еднакви можности помеѓу мажите и жените, но за поддршка ова законско решение ќе го чека изборот на новиот собраински состав по изборите на 12 април.