Бизарно но вистинито
10. December 2015 - 18:35

Дали некогаш сте слушнале за ѓаволкси здив, ова се 10 најопасни дроги во светот

Ова се дроги поради кои ви се распаѓа месото, кои ви уништуваат витални органи и ве претвараат во живи мртовци.

Додека овие денови на големо се зборува за декриминализирање на различни наркотици (Ирска декриминализира хероин), британски Индепендент објави листа со 10 најопасни дроги на улиците ширум светот.

Виолетов напиток

Ова е една од моментално најнеобичните дроги. Популаризирана е од хип-хоп културата 1990-тите години (Џеј Зи ја споменува во неговите песни), а станува збор за мешавина од газирана вода, слатки и лек против настинка, која личноста може да ја зешемети. Исто така може да доведе и до срцев удар.

Скополамин

Станува збор за јужноамериканска билка која инаку во прав се користи во чај. Но криминалците го користат како поради високото ниво на токсичност (се смета дека еден грам може да убие 20 луѓе), како јак отров. Од друга страна пак, се верува дека ако дрогата ја донесете до лицето на жртвата, таа покасно може да ги изгуби сите сетила и самоконтролата, исто така неможе да формира сеќавање додека е под дејство на истата. Криминалците во големи мери го користеле на своите доушници, додека пак ЦИА исто така признала дека ја пробувала оваа дрога како облик серум на вистината во текот на Ладната војна, но денес се смета дека неможе да биде делотворна поради можноста да создаде халуцинации.

Хероин

Еден од најстарите наркотици на светот првично се користел како аналгетик кој требал да лечи јака физичка болка, но 1971 година е прогласен за една од најопасните причини кои ги уништува заедницата и луѓето. Несакани ефекти на хероинот се гингивитис, ладна пот, ослабен имунолошки систем, мускулна слабост и несоница. Покрај тоа може да ги оштети крвните садови кои пак може да предизвикаат гангрена доколку не се лекуваат.

Кокаин

Прв пат се појавил 1980-година, кога го прошириле трговците. Во почетокот бил резервиран за богатите поради својата висока цена (тешко се произведувал и бил редок), но тоа се променило кога се раширил насекаде. Затоа дилерите почнале да го формираат во форма на камчиња, додавајчи сода бикарбона, поради што му паднал квалитетот но и цената. Така дошло до една од најголемите епидемии од дроги во светот, а во врвот на популарноста само во САД го користеле повеќе од 10 милиони луѓе. Несакани ефекти фклучуваат, оштетена бели дробови, црн дроб и бубрези, како и трајно оштетување на крвните садови, што може да предизвика пак срцев и мозочен удар, односно смрт.

Кристален мет

Иако кај многумина Волтер Вајт ја популализираше оваа дрога, нажалост кај многумина е добро позната и од претходно. Оваа дрога има катастрофолни последици. Користена е во Втората светска војна од сите трупи за да војниците се одржат будни (Јапонците го давале на своите камикази пред да извршат самоубиствени напади), после војната се користи за губење на тежина, колку е опасен се покажало во 1970 година, кога паднал во рацете на мексичките банди кои го прошириле по Европа и Азија. Несакани ефекти, кај краткорочните зависници го пореметува сонот и развива анксиозност, додека кај долгорочните зависници почнува да се распаѓа месото покрај тоа што доведува до оштетување на мозокот и крвните садови.

AH-7921

Овој синтетчки опоид до неодамна можеше да се купува онлајн легално, се додека во јануари 2015 година се нашол на црната листа. Се верува дека има 80 проценти  потенцијален морфиум, па така стана познат како легален хероин. Иако со него е поврзан само еден смртен случај во Велика Британија, и понатаму се смета дека AH-7921 е многу опасен и може да предизвика проблеми со дишењето и гангрена.

Флака

Овој стимуланс е хемиски сличен како и амфетаминот пронајден во солот за купка. Иако оваа дрога оригинално се појавила како легална алтернатива за екстазите, дејството е сосема различно. Корисниците чуствуваат забрзан пулс, засилени емоции, и халуцинации. Може да предизвика трајни психички оштетувања како и срцев удар.

Сол за бањање

Синтетички кристалните дроги пред се се популарни во САД. Иако звучат неопасно, не станува збор за сол која би ја користеле при туширање. Името го добиле поради тоа што во почетокот се продавале онлајн, па се маскирале во сол за туширање. Предизвикуваат необично психичко однесување, психоза, напади на паника и насилно однесување. Покрај тоа можен е и срцев удар и покачена телесна температура.

Вхонга

Вхонга е комбинација антиретровирусни лекови кои се користат за лечење на ХИВ. Оваа дрога е широкораспространета во Јужноафриканската Република, бидејќи има голем број на ХИВ заразени, а се верува дека популарноста ја стекнува поради ниската цена. Брзо создава зависност а може да предизвика и големи здравствени проблеми како внарешно крварење, чир на желудникот како и смрт.

Крокодил

Од овој таен руски опијат се заразени милиони Руси. Луѓето брзо стекнуваат зависност поради ниската цена (три пати е поефтин од херониот). Поопасен е од сите други дроги а составен е од аналгетици, јод, други течности и индустриски производи за чистење. Според наведеното, станува збор за многу опасна дрога која предизвикува гангрена, и распаѓање на човечкото месо.