Македонија
7. October 2015 - 11:42

Дали муслиман ќе биде претседател на САД?

Се чини дека поставувањето на прашањето: Дали за претседател на САД ќе биде узбран муслиман?, стана дозволена работа во земјата на „Вујко Сем“.

Така по доаѓањето на Барак Хусеин Обама на власт во Белата куќа, поранешната државна секретарка и главен кандидат за негов наследник Хилари Клинтон во својот коментар на Твитер напиша „да“, како одговор на прашањето дали постои можност муслиман да ја преземе функцијата претседател на САД.

Демократската кандидатка за местото претседател се огради во својот твит (кој доби над 5.000 ретвитови и 6.000 фаворизирања) со изводот од Член 6 од американскиот Устав, во кој пишува: „Не е дозволено да се условуваат верските определби при кандидирање за некоја официјална функција или јавна служба во САД“.

Иако Клинтон на овој начин се обиде да ги привлече и смири американските муслимани за да останат на нејзина страна во претседателската трка, потврдата која следеше од ваква истакната личност како што е таа, а се однесува на оваа тема, со себе носи многу важни импликации и тоа во време кога „исламофобијата“ врши инвазија на американското општество.

Муслиманите и претседателскиот кандидат

Од одговорот на поранешната прва дама, се разбира дека тоа е индиректна реакција на зборовите на републиканскиот претседателски кандидат Бен Карсон, кој неодамна изнесе сомнежи околу „компатибилноста на исламот и американскиот Устав“.

Карсон, кој се смета за еден од најпопуларните републикански кандидати, рече: „Не би заговарал можност да поставиме муслиман на чело на оваа нација. Со тоа апсолутно не би се согласил“.

Кандидатот Доналд Трамп, кој се наоѓа на прво место со голема разлика од своите конкуренти во трката за номинација за републикански кандидат на претседателските избори, поттикна расправа за ова прашање, кога му дозволи на еден од учесниците на предизборниот собир да каже, без да го прекине или негира, дека САД имаат проблем со „муслиманите“ и дека Обама е муслиман и не е Американец.

Клинтон се осврна на зборовите на републиканските кандидати Доналд Трамп и Карсон во телевизиска дебата и рече дека „ваквите изјави можат да потпалат оган, кој се заканува да излезе од контрола“.

Хума Махмуд Абедин, помошничка на Хилари Клинтон, во првиот коментар, што го објави на својот налог на Твитер, вели: „Можеш да се гордееш со тоа што си Американец, што си муслиман и служиш на оваа прекрасна земја“, поради што доби пофалби од Клинтон за овој пост.

Расправи на Твитер

Внимание привлече и твитот на поранешниот претседателски кандидат Мит Ромни, кој ја цитираше првата реченица на американскиот Устав, со која се забранува „верска проверка за претседателство“, бидејќи секое верување дополнително придонесува за американскиот национален карактер.

Налогот на Хилари Клинтон на Твитер, кој го следат околу 4,3 милиони луѓе, е преполн со коментари со пофалби на твитот што го објави, но и коментари кои ја напаѓаат и неа и исламот, каде таа се опишува како „лажга, која го користи овој говор во предизборни цели и ништо друго“.

Во реакциите на нејзиниот твит, видлив е и недостиг на елементарно познавање на исламот кај некои Американци. Така некои го опишуваат како „тероризам“ и му ја ставаат на товар праксата на некои муслимански групи.

Други пак, прават дистинкција меѓу „исламот“ и „радикалниот ислам“, додека трета група во своите коментари ја потсетуваат Клинтон дека „таа била таа која меѓу првите го нападна Обама поради неговото муслиманско потекло во текот на изборите во 2008 година“. Некои твитерџии потенцираа дека „муслиманите се компетентни за функција како што е претседателската, но дека тоа не се случило и нема никогаш да се случи“.

Според британскиот весник „Телеграф“, Исламот стана добар материјал за изјави во предизборна кампања на потенцијалните претседателски кандидати.