Македонија
29. July 2022 - 21:16

Дали МНР ќе реагира на провокациите кон македонските фудбалери во Софија?

Нема официјални реакции за провокациите на вчерашниот фудбалски натпревар во Софија мегу Македонија ЃП и ЦСКА Софија. Македонското министерство за надворешни работи молчи. Скопје нема коментар ниту за шовинистичкото скандирање од трибините, ниту за скандалозните коментари на бугарскиот телевизиски пренос, во кој водителот вели дека Горче Петров е бугарски револуциониер. 

Со протоколот кој го потпишаа Бугарија и Македонија, говорот на омраза треба да се детектира и санкционира, а експерите велат дека токму ова пример за кој веднаш треба да се реагира. Овој случај двете држави треба јасно да го осудат за да нема дилеми што се подразбира под говор на омраза, смета комуникологот Кордалов.

Провокациите од софиските трибини поминаа со молк и од УЕФА. Но затоа, фудбалска федерација на Македонија остро го осуди однесувањето на поединци или група на навивачи кои како што велат нанесуваат штета на клубовите и фудбалот. 

Во соопштението на ФФМ се испрати апел за фер плеј во спорот , без повици за национализам , говор на омраза и насилство.

За разлика од Скопје, Софија со постојано реакции. Последната во низата беше нотата на бугарското МНР за протестите против францускиот предлог.