Македонија
9. November 2019 - 16:40

Дали Мал Шенген ќе ја подобри иднината на Западен Балкан

Кои се придобивките од  воспоставување мини шенген помеѓу Македонија, Србија и Албанија.

Во пресрет на утрешниот состанок помеѓту Заев Вучиќ и Рама во Охрид, очекувањата од ваквиот регионеален заеднички пазар се различни. Според Претседателката на Сојузот на стопаснки комори проблематичко е што зад оваа економска соработка се крие и политичка позадина од која Македонија ќе има многу поголема штета од корист. Евентуалното бришење на границите помеѓу земјите од регионот кои се стремат да станат членки на Европската унија може да доведе до испреплетување на напредокот на земјите во процесот на преговори и спроведување на реформите.

Сосема спротивен е ставот на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу кој вели дека граѓаните не може да почуствуваат штета од зголемената соработка со своите соседи. На ваквиот мини шенген според него не  треба да се гледа како на замена за Европската унија, туку како на здружување за полесно  остварување на европските цели.

Заев Вучиќ и Рама пред еден месец во Нови Сад потпишаа спогодба за отстранување на пречките за слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, а по утрешниот втор состанок ќе ги соопштат деталите и конкрените мерки.