Македонија
17. јуни 2021 - 16:44

Дали Македонците купуваат органска храна?

Храна произведена во странство или домашни производи? Македонците многу повеќе ги преферираат странските производи бидејќи сметаат дека органските производи од домашно производство се недостапни и скапи. Од друга страна иако последниве 10 години се дадени милјарда евра субвенции во земјоделеството производители има се помалку. Потребна е поголема афирмација и застапеност на пазарот на малите домашни производители.

- Треба потрошувачите да ги навикнеме на производи кои што се произведени локално и кои што имаат висок квалитет со ситре нормативи за производство, но сеуште нашите потрошувачи се насочени кон странски производи за жал сеште увезуваме храна од 1000 5 010 км далеку а неколку км од нас ссе произведува високо квалитетна храна.

Од друга страна индустриското производство е надминато. На сцена се враќаат производи како маџунот и афионовото семе кои во моментов повеќе се произведуваат за лични потреби,  а се повеќе расте интересот  за начинот на производство и вкусови што ги негувале постарите генерации.

Со цел да се промовираат домашните производители  а граѓаните да имаат можност да купат свежи органски производи во сабота во Јавна соба ќе се одржи прв пазар за органски производи. Продуктите ќе бидат достапни за потрошувачите во следните три саботи.