Македонија
17. May 2021 - 16:42

Дали Конгресот на СДСМ ќе донесе свежина или поделби?

Ден по партискиот конгрес Заев вели дека е задоволен од раководните промени кои ја зајакнуваат партијата и носат нови политики и свежи идеи. Порачува дека на ваков начин СДСМ ќе издвојува уште многу изборни победи, особено поради смешните обвинувања кои пристигнуваат од опозицијата.

Изборот на новото партиско раковоство преку социјалните мрежи го честиташе и Шекеринска која по цели 8 години, вчера доби заменичка на заменик претседелската функција на СДСМ која ја превзема Сања Лукаревска.

-Бидете храбри, бидете одлучни, бидете силни. Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Невозможното направете го возможно им порача Шеќеринска на своите сопартијци.

Сепак аудио снимка која утрово се појави на јутјуб покажува дека во рамки на затворениот дел од конгресот Шекеринска упатила низа критики за работењето на партијата. На аудио снимката меѓу другото се слуша како Шекеринска вели дека партијата затвора очи пред сериозни проблеми кои не ја водат партијата напред.

Слични критички се слушаат и на уште две аудио снимки од делегати од општинските организации на СДСМ во Центар и Куманово. Најсериозните забелешки се упатуваат за разрешување на директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски и низа други одлуки кои не стимулират прогрес на партијата.

Дали овие снимки се автентични не потврдува ниту Шекеринска, ниту СДСМ. Од партијата само кусо посочуваат дека вчерашниот конгрес минал во демократска атмосфера, а оние кои очекувале раздор, се разочарале.

Промените во партијата добија поддршка од делегатите и од членовите на поранешното раководство меѓу кои секако и Шекеринска, што се покажува и со големиот број гласови при усвојувањето на одлуките, се вели во реакцијата на СДСМ.

Опозицијата пак и денеска ги критикува изборот на раководни позиции.

Потенцираат дека Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и Царовска се стари кадри кои веќе и нанесоа огромна штета на државата.