Македонија
22. January 2019 - 16:23

Дали хербицидот глифосат е канцероген и дали и колку се употребува во земјава?

Наместо истражување, со плагијаторски извештај била продолжена дозволата за употреба на пестицидот глифосат, за кој Светската здравствена органзиација пред 4 години изјави дека е веројатно канцероген. Ваков текст неодамна излезе во британски Гардијан и повторно ја разбранува светската јавност дали оваа супстанца е штетна по здравјето на луѓето. Минатата година Европската Унија не ја забрани употребата на глифосат и покрај противењето на повеќе земји, бидејќи не постоеле доволно докази за кацерогеноста на производот. Глифосат има масовна примена и кај земјоделците во Македонија а професори од Земјоделски факултет велат дека не можат да веруваат на извештаи кои не се научно и темелно докажани.

-Малку и контрадикторности има во тој извештај, а тие не тврдат дека е канцероген туку можеби, и тоа предизвика лавина од реакции. По тој извештај други организации за храна направија истражување и заклучокот нивни  е спротивен на овој дека не е кацероген,. Најверојатно кај овие извештаи пртоблем е методологијата. Тоа значи не станува проблем со хербицидите туку со човекот. Ако не го применува как отрерба доаѓа до пореметување, вели проф. Звонко Пецаноски професор по хербологија на Земјоделски факултет

Професорот Пецановски објаснува дека земјоделците имаат упатство за пестицидите и треба да се придржуваат на тоа. Вели дека во нашатата земја научната јавност нема услови но и пари за да направи самостојно истражување за ефектите од овие супстанци.

-Доколку се употребува како што треба нема проблем., Знаете, тоа е тотален хербицид и го уништува целото зеленило околу овошката и најчесто го користат з анеколкугодишни дрвја. Има упатство и се знае мора да се користи заштитна опрема, вели Пецановски.

Меѓународната агенција за истражување на ракот при СЗО во 2015 објави дека 5 пестициди меѓу кои и глифосат се можеби канцерогени и имаат лимитирани случаи на лица со рак на лимфните јазли, простата и белите дробови.

Во Институтот за медицина на труд регистрирале  голем број на земјоделци кај кои дијагностицирале професионални заболувања.