Бизнис
16. May 2019 - 16:53

Дали гасоводот до Гостивар ќе биде клучен за зголемена реализација на капитални инвестиции?

Гасоводот помина низ Водно и до крајот на годината ќе стигне до Гостивар. Завршени се 95% од трасата, поставени се и цевките, се работи на последниот километар. Заради забрзаната динамика побрзо се трошат и парите планирани за проктот. За годинава буџетот предвиде 25 милиони евра за гасовод. До април од нив се потрошени близу третина од парите или 6,5 милиони евра. Лани за цела година беше потрошена истата сума.

Според очекувањата од Министертсвто за траспорт со сегашното темпо на работа, до крајот на градежната сезона очекувањата се дека реализиацијата во оваа ставка ќе изнесува 100%.

Дали гасоводот ќе биде клучнит прокет кој ќе ја зголеми реализацијата на капиталните инветсиции? Бројките покажуваат дека годинава стартот бил најлош досега. Потрошени се само 6% од планираните пари, лани реализицијата изнесувала околу 7,5%, а пред две години блузи 19%.

Во овие бројки не влегуваат податоците за изгрдба на патишта затоа што парите за нив не се од централниот буџет. За изградба на патна мрежа за четири месеци потрошени се 120% повеќе пари од лани.