Македонија
28. September 2021 - 21:28

Дали ЕУ ги затвора портите за Западен Балкан?

Европската унија веќе не може дава гаранција за членство на шесте држави од Западен Блакан кои чекаат за влез, како што тоа досега го ветуваше, јавува Ројтерс, повикувајќи се на четворица бриселски дипломати и интерен докуменет од Унијата.

Вакавата позиција, како што јавува Агенцијата, била изградена поради стравот на Брисел од политичките реакции во државите-членки.

„На претстојниот самит во Словенија, Европската Унија планираше да го повтори ветувањето од пред 18 години дека ќе даде недвосмислена поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, стои во нацрт-декларацијата на самитот, во кој агенцијата „Ројтерс“ имаше увид. Но, поминаа две рунди на преговори без договор за ова, велат дипломатите“, пишува во текстот на Агенцијата.

При тоа, се објаснува дека иако државите не ги поткриваат своите позиции, државите како Данска, Холандија и Франција стравуваатод брз влез на нови членки, како што тоа се случило во 2007 година со Романија и Бугарија.

Пренесувајќи мислење од неименуван дипломат, Ројтерс пишува „ЕУ индиректно ги влошува тензиите во регионот кој сонува за влез во Унијата уште од крвавите војни во 1990-ите“.

Агенцијата потсетува дека Бугарија е против приемот на Македонија поради спорот околу јазикот и историјата, а претходно, Франција и Холандија привремено го запреа процесот на проширување.

Од македонската влада коментираат дека не е ново што некои држави од ЕУ покажуваат скептицизам кон проширувањето, но дека наше е да ја сработиме домашната задача.

Ројтерс го објави текстот со наслов „ЕУ повеќе не се согласува за гаранција за членство на Балканот“ во моментот кога државата ја посети шефицата на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен и тоа со порака дека Брисел не’ очекува што побрзо во клубот и дека ред на ЕУ е да почне да испорачува.