-->
-->
Дали Едмонд Адеми е вработен во МВР за да спроведува крваво сценарио?
-->
Техничкиот сдсмовски министер за внатрешни работи Оливер Спасовски проолжува со брутална партизација на полицијата
-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!, напиша Адеми на социјалната мрежа во јануари минатата година.
Дали членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми е вработен во министерството со кое шефува Оливер Спасовски за да спроведува крваво сценарио? Ова е прашањето кое се наметнува во јавноста, ако се земе во предвид дека токму Адеми пред година дена повикуваше да се лее крв по улиците.
Техничкиот сдсмовски министер за внатрешни работи Оливер Спасовски проолжува со брутална партизација на полицијата. Порталот Пресс 24 денеска објави нова скандалозна одлука на Спасовски, според која иако без ден искуство во полиција, односно во МВР, Спасовски како советник го ангажирал членот на Извршниот и Централниот одбор на партијата во која тој е генерален секретар.
Според информациите на порталот, од денеска дел од МВР е Едмонд Адеми, член на СДСМ кој е редовен декор на сите партиски организирани протести и трибини. Токму Едмонд Адеми во статус објавен на Фејсбук пред повеќе од една година повикуваше на пролевање на крв по улиците.
-Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува!, напиша Адеми на социјалната мрежа во јануари минатата година.
Токму поради ова, во јавноста се поставува прашањето дали Емонд Адеми е вработен во МВР за да спроведува крваво сценарио, согласно неговите јавно искажани ставови дека без да се пролеела крв по улиците, слободата не се стекнувала. Адеми е само последен од низата сдсмовски кадри со кои Спасовски врши брутална патизација на полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус