Свет
16. September 2017 - 18:44

Дали е на повидок нова војна: Протече тајниот говор на кралицата за Трета Светска Војна

Ова е 15. тестирање на Пјонгјанг оваа година, па така не чуди тоа што многумина размислуваат за можните глобални последици во случај на најлошо сценарио.

Северна Кореја лансирала уште една балистичка ракета над Јапонија, само две седмици по објавата дека тестирале хидрогенска бомба, која според пишувањето на медиумите е помоќна од таа фрлена на Нагасаки во 1945. година. 

Ова е 15. тестирање на Пјонгјанг оваа година, па така не чуди тоа што многумина размислуваат за можните глобални последици во случај на најлошо сценарио. 

Меѓу нив е и британската кралица Елизабета Втора. 

Имено, нејзиниот планиран говор до граѓаните на Велика Британија во случај на избивање на Трета светска војна протекол во јавноста, а интересно е дека е оригинално напишан во 1983. година. 

Овој говор бил претставен во јавноста во 2013. година од страна на Националната архива. 

Одредени делови од овој документ се застарени, но во неговата суштина говорот е сталожен. 

- Никогаш не ја заборавив тагата и гордоста кои ги чувствував додека со сестра ми ги слушав инспиративните зборови на мојот татко на тој фатален ден во 1939. година 

Ни за момент не можев да замислам дека оваа важна и страшна должност ќе падне на моите раменици", рекла кралицата Елизабета Втора и додала дека опасноста е сега поголема од напредокот на технологијата, отколку од војниците и нивното вооружување. 

- Сите сме свесни дека опасноста со која денес се соочуваме е поголема од било која до сега во нашата долга историја. Не е непријател војникот со својот рафал, па дури ни вооружен маж кој бдее над нашите градови, туку моќната и злоупотреба на технологијата. 

Мојата порака до вас е едноставна. Помогнете им на оние кои не можат да си помогнат сами, дајте им утеха на осамените и на оние без дом, и дозволете му на своето семејство да се сконцентрира на надеж и живот и да им ја пружи на оние на кои им е потребна, заклучила таа пред изразот "Бог да ве благослови сите".