Македонија
1. March 2019 - 16:20

Дали државата ќе и ги одземе ингеренциите на Општина Сарај за справување со дивоградбите?

Висечката платформа на Матка, лебди меѓу институционалната надлежност.. Се уште е непознато кој треба да постапува по безправната градба во заштитеното подрачје.. Од Министерството за транспорт и врски велат дека можат да ги одземат градежните ингеренции на општина Сарај но само ако Државниот инспекторат за градежништво утврди дека локалниот инспектор не ја извршува својата работа..

„Во рамки на своите надлежности, министерството испрати барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да ја провери фактичката состојба со дивоградбите во општина Сарај“, велат од Министерството за транспорт и врски..

Градежниот инспекторат веќе се прогласи за ненадлежен бидејќи според законот за градба тој немал обврска да интервенира за објекти како платформата на Матка.. Тие биле од локално значење и за нив одговорност имале општинските инспектори.. 

Според законот за заштита на природата, долг е списокот на надлежни за Матка.. Дури 39 субјекти се задолжени да ги следат состојбите со овој споменик на природата.. Министерствата за животна, транспорт, економија, култура, планинарски и риболовни друштва, локални самоуправи..

Од општина Сарај вчера излегоа со став дека не се градат нови платформи туку се реновирале постоечите.. Бидејќи сите биле дивоградби, Градоначалникот Блерим Беџети најави дека нивниот статус заеднички ќе се решава..