Македонија
12. October 2019 - 16:35

Дали данокот за каматите на депозитите ќе придонесе граѓаните да ги извадат парите од банките по Нова година?

Можно ли е повлекување на штедните влогови од банките по Нова година? Познавачите  стравуваат дека до тоа може да дојде од две причини. Првата е воведувањето на данокот за каматите од депозитите, а втара се ниските каматни стапки кои банките ги нудат за орочените средства.

Владата најави дека размислува да го пролонгира даночењето на капиталните добивки за да не замре берзата. Но вицепремиерот Анѓушев смета дека за каматите на депозитите треба да се плаќа данок.

Даночењето на каматите треба да почне од почетокот на 2020 година или во најнеповолен момент со оглед на тоа дека каматите за штедење се на многу ниско ниво. Во август каматата за депозитите на домаќниствата изнесуваше 1.35%, а за новопримените штедни влогови таа е уште пониска и изнесува само 1,23. Банкарите велат дека светските тренд е каматите да нидат ниски, па дури и негативни, а земјава е во подобра позиција во тој поглед.

Од здружението на банкари неодмана рекоа дека не можат да претпостават дали воведувањето на данокот на камата на депозити може да предизвика повлекување на заштедите. Како банки не би имале проблем да исплатиме доколку се случи тоа, но генерално системски не би било убаво да имаме одлевање на депозити, велат од таму.

Според податоците на НБРМ за август годинава во макеоднските банки има 6,4 милијарди евра депоизити. Од нив 4,2 милијарди се на домаќинствата, а остатоткот на фирмите.