Македонија
19. April 2021 - 19:52

Дали беше законски заразени пратеници да дојдат во парламентот со скафандери?

Владејачкото мнозинство и собранискиот спикер Талат Џафери немале доверба во изјавите на опозицијата дека е подготвена да гласа за антикризните мерки, па затоа вчера морало да се донесат позитивните пратеници од пратеничката група на СДСМ на седница.

Џафери вели дека за овие народни избраника бил искористен Протокол од август, а потоа изменет на 18 ноември за спроведување за гласање на пратеници кои се во домашна самоизолација потврден од Комисијата за заразни болести.

Џафери не исклучува и во иднина да го примени истиот проткол. За тоа зошто досега не го искористил овој механизам  за да не доцнат мерките, вели дека очекувал разумност од опозицијата да обезбедува кворум.

И до власта велат дека направиле се за да ја обезбедат функциналноста на Собранието.

Според ВМРО-ДПМНЕ пак, не може протoкол да биде повеќе од закон и од Устав, а за пратениците да важат поинакви правила од оние за граѓаните.

Мицевски најави кривични прајви кои партијата ќе ги достави до обвинителството за сите инволиврани кои допуштиле позитивни пратеници да велзат во парламентот, ане само за двајцата народни избраника во скафандери.