-->
-->
Дали Бекер му се нуди на Федерер!?
-->
Веќе поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, легендарниот германски тенисер Борис Бекер се почесто говори за Роже Федерер што некои медиуми го поврзуваат со можноста да се оствари соработка помеѓу нив двајцата.
По завршувањето на договорот со Ѓоковиќ , Бекер изјави дека би сакал повторно да работи како тренер но и да коментира на телевизија работи поврзани како тенисот.
Германецот се врати во Евроспорт каде ги коментираше натпреварите на ОП на Австралија каде триумфираше Федерер за кого изјави дека поседува извонредна елеганција и класа што тешко некој друг би можел да го повтори, потенцирајќи ги 18-те грен слем трофеи на Швајцарецот за кого вели дека победил без напор во Мелбурн.
Федерер во моментов тренира со Северин Лути а во тимот е и Хрватот Љубичиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистена кражба во Гостивар
-
Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата