Македонија
13. April 2021 - 16:42

Дали аферата пасоши ќе го загрози безвизниот систем?

Опозицијата повторно со обвинувања кон власта за аферата „Мафија“. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека поради издавањето на легални пасоши со лажен индентитен на криминалци, земјава  може да го загуби безвизниот режим. 

СДСМ со контра рекација. Велат надлежните постапуваат неселективно. Доказ за тоа е акцијата Двојник, која ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја саботира.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури.

За времетраење на сложената полициска акција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во тек на активна истрага, велат од СДСМ.

Во меѓувреме владејачката партија го обвини потпретседателот на ВМРО-ДМНЕ Александар Николовски дека молчи за скандалот наречен „Кавијар дипломатија“.

Николовски  обвинивањата ги нарече „Лажни вести за дефокус од големите афери на СДСМ“! Дел од таа мисија беа пратеници од Шпанија, Полска, Романија, Италија, Бугарија, Австрија, но не и пратеникот кој го споменува СДСМ. Во ПССЕ има 315 пратеници од 47 земји, ако некој нешто направил не значи дека се однесува на сите. Бројни пратеници од СДСМ биле во ПССЕ дали ова се однесува и на нив? Или еве сега шеф на македонската делегација во ПССЕ е токму Костадин Костадинов по истава аналогија и тој треба да биде одговорен за било која активност на било кој од тие 315 пратеници од 47 држави. Смешно и очајно!, напиша Николовски на Фејсбук.