Loading Video...
Кошарка
2. December 2019 - 14:51

Далас ја прекина серијата од десет победи на ЛА Лејкерси

Дербито на вечерта во НБА лигата се одигра во Лос Анџелес каде тимот на Далас ја прекина низата од десет победи на Лејкерси. 
 
Составот од Тексас забележа триумф со 114-100, а Лука Дончиќ повторно беше на прагот да оствари трипл-дабл, за кој му недостасуваше еден скок, откако уфрли 27 поени, а имаше и 10 асистенции. 
 
На Лејкерси не им помогна ниту учинокот на Ентони Дејвис со 27 поени 10 скока, како и Лебртон Џејмс кој покрај 25-те поени имаше 9 скокови и 8 асистенции.
 
За Далас ова беше седма победа на последните осум одиграни натпревари. 
 
Затоа пак, ЛА Клиперс доминантно со 150-125 го совлада составот на Вашингтон, меч во кој тандемот Ленард – Џорџ заедно постигнаа 65 поени за „Клиперси“
 
Шампионот Торонто, предводен од Сиакам со 35 и ВанВелт со 21 поени и 11 асистенции славеше победа над Јута со 130-110.