Свет
17. October 2017 - 9:56

Дајмлер повлекува повеќе од милион возила поради воздушните перничиња

Германски Дајмлер, кој ги произведува автомобилите Мерцедес-Бенц, повлекува повеќе од еден милион возила од целиот свет поради грешка во поврзување, која може да доведе до неочекувано отворање на воздушните перничиња.

Од возилата кои ги повлекува, повеќе од 400.000 се регистрирани во Велика Британија, како и неколку илјади во Германија, а подоцна ќе биде објавено во кои други земји се наоѓаат возилата со таква грешка.

Повелкувањето возила од Велика Британија се однесува на автомобили продадени помеѓу ноември 2011 и јули 2017 година.

Меѓу моделите кои се погодени се некои возила Мерцедес А, Б, Е и В класа и моделите ЦЛА, ГЛЦ, ГЛК.

Повлекувањето на возилата ќе започне во следните неколку недели, кога ќе бидат достапни потребните делови за поправка. Поправката трае еден час и ќе биде направена на сметка на производителот.

Дајмлер прецизира дека проблемот не е поврзан со скандалот на јапонскиот производител Таката, кој неодамна повлече околу 100 милиони свои воздушни перничиња од целиот свет.