Живот
13. September 2018 - 11:43

Дајана го прогонувала љубовникот кога ја оставил: Испливаа шокантни детали за принцезата

Некогашниот љубовник на принцезата Дајана, Оливер Хоаре (73) почина во вторникот, а приказната за нивната врска ја однесе во гроб. 
 
Сепак, неговите најблиски пријатели ја откриле вистината која се крие позади повиците, кои дури биле предмет на истрага во полицијата во 1995 година. 
 
- Дајана била многу безобразна. Таа со автомобил доаѓала до неговата куќа, се паркирала и почнувала да ѕвони од својот мобилен телефон, тврдат пријателите. 
 
- Го правела тоа за време на ноќта, за да може да ги набљудува светлата кога се палат додека доаѓа до телефонот. Седела така со часови, гледала и ѕвонела. Знаеше дека не може да биде со Хоаре, бидјеќи беше оженет. Иако бил изузетно забавен џентламент, неговата жена била таа која ги чувала парите, додале тие. 
 
Дајана знаела дека никогаш нема да ја остави жената, но не дозволувала да и стои на патот. Па поради тоа уживала да го малтретира и да го потсетува на своето постеоење. 
 
- Дајана играла игри и уживала во тоа. Тој си играше со оган кога го започна одност со неа и мораше дека на крајот ќе се изгоре, тврдат неговите пријатели. 
 
 
Нивната врска била толку страствена што Дајана мечтаела да побегне со него. Одлуката да остане со неговата жена ја разбуди љубомората во Дајана. 
 
Нивната афера завршила кога неговата сопруга му се заканувала со развод откако обезбедувањето го фатило гол во палатата.