Македонија
9. February 2018 - 13:44

Дај ми 5.000 денари или ќе ги објавам фотографиите - уценувана девојка од Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Т.Т.(29) од Демир Хисар за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од 1 октомври 2017 до 7 јануари 2018 година пријавениот, преку социјалните мрежи Viber, Facebook и телефонски пораки, на 36-годишно лице од Битола и побарал 5.000 денари за да ги избрише снимените компромитирачки материјали кои таа му ги испратила. Откако оштетената му го исплатила бараниот износ, пријавениот и понатаму ги задржал снимените материјали кај себе и понатаму ја уценувал.