Свет
29. јуни 2017 - 18:54

Дадјев и уште четири лица виновни за убиството на Немцов

Поротата на Московскиот окружен воен суд денеска ги прогласи за виновни Заур Дадајев и уште четворица обвинети за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов.

Рускиот суд соопшти дека за убиството на Немцов (55) им било ветено 253.000 долати.

Обвинителството тврди дека Дадајев, поранешен војник од Чеченија „го повлекол орозот“.

Поротата истакна дека Дадајев не заслужува милост.

Немцов, еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин, е убиен на 27 февруари 2015 година во центарот на Москва, во близина на Кремљ.