Живот
29. March 2019 - 15:24

Дадилката само влета и го спаси бебето: Секунди потоа во собата настана хаос

На Редит е објавено шокантно видео кое покажува дадилка како спасув дете неколку секунди пред врз неговите јасли да се урне плафонот.

На снимката се гледа како влетува во собата, го вади детето од постелата и го изнесува од собата. Набрзо потоа се гледа како на подот паѓаа парчиња од плафонот.

Судејќи според податоците на видетото, тоа се случило на 24 март. Некои корисници на Редит забележале дека тоа време одговара со силниот потрес на Филипините, но некои тврдат дека инцидентот всушност се случил во Кувајт или во Саудиска Арабија и дека рушењео на плафонот дошоло поради истекување на водоводна цевка која го ослабила плафонот.

Во секој случај, многумина ја пофалија дадилката која веројатно му го спаси животот на детето.

„Оваа жена заслужува медал“, напиша еден корисник.