Дачиќ:Србија го нема оригиналниот Дејтонски договор
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија го нема оригиналот на Дејтонскиот договор, а дека по 5 октомври 2000 година исчезнала и хартијата на која Ричард Холбрук потпишал дека Американците никогаш нема да ја признаат независноста на Косово.
- Уништен и изгубен е и оригиналниот примерок на Дејтонскиот договор, за „Српски телеграф“ откри Дачиќ, кој истражувал како исчезнале договорите што за Србија и денес се од клучна важност.
„Сите се прават луди кога ќе ги прашам, а незамисливо е Србија да го нема сочувано примерокот од Дејтонскиот договор. Сите соработници на Милошевиќ тврдат, а неговата секретарка се колне дека Милошевиќ ја повикал и и ја дал хартијата на која Холбрук, тогашниот главен преговарач меѓу Западот и Србија и американски пратеник, на Милошевиќ (во текот на преговорите во 1998 и 1999 година) му потпишал дека САД никогаш нема да ја признаат независноста на Косово“, вели Дачиќ.
Според него, оваа хартија исчезнала, бидејќи е се ограбено.
- Ја нема ниту таа хартија, тие се ограбиле. Кога го апсеа Слобо, ништо не останало, наведува Дачиќ за „Српски телеграф“.
Дачиќ е огорчен и заради тоа што, како што вели, не се знае дека Милошевиќ е заслужен за договорите од кои државата и денеска има корист.
- Дејтонскиот договор е негово дело, како и другите работи, тоа за што и денеска единствено се држиме, а тоа е Резолуцијата 1244, наведува Дачиќ.
Дека документите се уништени или исчезнати за „Српски телеграф“ потврдиле и поранешни државни функционери, но и некогашни министри на ДОС.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк