Дачиќ: Вучиќ ќе одлучи дали ќе оди или не во Тирана
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе одлучи дали ќе оди на Самитот на Европската Унија и Западен Балкан на 6 декември во Тирана, изјави вчера министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој рече и дека во однос на предлозите за решение на односите со Приштина, кои се „ставени пред Србија“, „треба да почекаме и да видиме“, јави белградска Н1.
– Секој договор што не го подразбира Косово како независна држава и неговото признавање, односно членството во Обединетите нации, е добра тема и основа за понатамошна дискусија, рече Дачиќ.
Тој додаде дека Србија затоа е далеку од некој дефинитивен предлог, но „јасно кажа кои се нејзините црвени линии“.
– Подготвени сме да разговараме, важно е да учествуваме во разговорот. Србија е конструктивна и претставниците на меѓународната заедница го гледаат тоа, рече Дачиќ.
Тој оцени да фактот што меѓународната заедница зборува за Србија на сосема погрешен начин и „не сакајќи Приштина да се налути“ ја покажува „необјаснивата ирационална врска меѓу некои западни земји и нивното дете“ – Косово.
Вучиќ неделава изјави дека е подготвен да ја разгледа можноста за промена на одлуката да не патува во Тирана, на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и ЕУ. Пред тоа рече дека никој од Србија нема да присуствува на состанокот поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во Косово и поради реакцијата на ЕУ на таа одлука, која Белград ја оцени како блага.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња