Дачиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија
Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи денеска го повтори ставот на Србија дека Белград нема да воведе економски санкции кон Русија.
- Србија е доследна во својата политика и нема да се приклучи кон европските антируски санкции, изјави Дачиќ на маргините на 15-та седница на Меѓувладиониот српско-руски комитет за трговско економска и научнотехничка соработка, што се одржува во рускиот град Суздаљ.
Како што јави Танјуг, Дачиќ нагласи дека Србија и е благодарна на Русија поради ветото на резолуцијата за Сребреница во Советот за безбедност на ОН, како и затоа што гласаше против членство на Косово во Светската организација.
- Руската Федерација е доверлив партнер и традиционален пријател на Србија, а во исто време е и еден од најзначајните стопански партнери и дестинација за извоз на српските стоки. Нашите две земји ја потврдуваат својата определба дека билатерално, политички и економски се ориентирани на долгорочна соработка, изјви Дачиќ.
Потпретседателот на руската Влада, Дмитриј Рогозин, од своја страна, истакна дека односите меѓу Русија и Србија константно се развиваат, додавајќи дека Москва вложува големи надежи во новиот Договор за слободна трговија меѓу Евроазиската економска унија и Србија.
Договорот значително ќе ги прошири можностите за излез на Србија на пазар од околу 190 милиони луѓе, изјави Рогозин, додавајќи дека Русија ја смета Србија за свој стратешки партнер на Балканот.
Ново на Сител
-
Јакимовски за црната листа на САД: Нечесна работа од нечесни луѓе
-
Просветните работници со години немаат земено плати во законскиот рок до 15-ти во месецот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, директор на ОМД за Македонија
-
Математички непресметливо бодување за идните судии и обвинители
-
Утре истекува рокот 7 кандидати да се пријават во ДИК за шеф на државата
-
Продолжено пријавувањето на дијаспората до утре – Сајтот на ДИК не функционира
-
Се слуша ли гласот на младите внатре во партиите? Знаат ли за дијалогот младите политички опоненти?
-
„Нема пари за плата, а за секој работник има по еден шеф“ – Протест на вработените во Пошта