Балкан
22. November 2017 - 10:07

Дачиќ: Србија нема да го признае Косово за да се зачлени во ЕУ

Полноправното членство во Европската унија претставува апсолутен надворешно-политички приоритет на Белград, но Србија нема да ја признае независноста на Косово за да стане членка на Унијата, изјави во Буенос Аирес српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. 
 
- Ние сакаме договор, сакаме праведно и трајно решение, но нема никогаш да ги признаеме едностраните акти, па дури ни по цена да влеземе во ЕУ. На пријателите кои ни помагаат во сето тоа, во смисла на политичка поддршка за нашите ставови, им должиме голема благодарност, а меѓу нив ја вбројувам и Аргентина, како еден од најзначајните партнери за Србија, нагласи Дачиќ. 
 
Шефот на српската дипломатија изјави дека односот и соработката меѓу Србија и Аргентина биле одржувани дури и кога Белград минувал низ тежок период.
 
Според Дачиќ, од посебно значење за Србија е поддршката која Аргентина и ја дава во настојувањето да го зачува суверенитетот и територијалниот интегритет. 
 
- Аргенитина е еден од нашите најзначајни партнери, не само во Латинска Америка, туку и во светот, истакна Дачиќ во Аргентинскиот совет за меѓународни односи (ЦАРИ(, каде му е врачена диплома за негов почесен член и каде се запиша во Книгите на официјални гости. 
 
Тој посочи дека, пријателството меѓу двете земји, меѓусебното разбирање и заедничкото определување за зачувување на темелните принципи на меѓународните односи, претставуваат цврста база за понатамошни интензивирање на политичкиот дијалог на сите нивоа, како и за развој на економската и трговската соработка. 
 
 
 - Пристапот на Унијата по кој вреднувањето на напредокот на секој кандидат се извршува врз основа на индивидуланите заслуги е добар и напредокот во преговарачкиот процес треба всушност да одговара на напорите и разултатите кои ги постигнуваме во реформскиот процес. Меѓутоа, во случајот со Србија, поврзувањето на напредокот во преговарачкиот процес за разултатите од дијалогот меѓу Белград и Приштина, со што во нашиот европски процес е воведен и трет актер, претставува сериозно оптоварување за Србија, потенцираше српскиот министер за надворешни работи.
 
Дачиќ, наведе дека постигнувањето на политичко решение во однос на прашањето за Косово е национален приоритет за Србија, потсетувајќи дека српскиот претседател Александар Вучиќ покрена иницијатива со која е отворен внатрешен дијалог во Косово, со цел да се обезбеди заеднички и трајно одржлив договор за тоа прашање. 
 
- Еден од најважните приоритети за надворешната политика на Србија, е зачувувањето на стабилноста во регионот и интензивирање на соработката во сите области, бидејќи само таков регион овозможува одржлив развој, констатираше шефот на српската дипломатија.