Балкан
5. јуни 2019 - 21:50

Дачиќ се приклучи на предизвикот “Косово е Србија” (ФОТО)

“Косово е Србија” е најнов предизвик на социјалните мрежи. Според овој предизвок, оние кои го прифаќаат треба на банкнота од еден или пет евра да се напише „Косово е Србија“.

Според предизвикот покренат од Српската страна, одкако ќе се напише на банкнотата „Косово е Србија“, со истата треба да се купи нешто, и да се пуштат во промет.

Српскиот политичар и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, се приклучи на предизвик, но тој тоа го напиша на банкнота од 100 долари!