Дачиќ: Нервозата за мојот предлог за поделба на Косово е најдобар показател за патот по кој треба да одиме
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, смета дека сета нервоза што ја предизвика неговиот предлог за разграничување на српско и албанско на Косово можно е да биде „најдобар показател“ за тоа по кој пат треба да се оди.
- Добро е што во јавноста е отворен дијалогот за Косово и што се слушаат различни идеи. Занимливо е, а тоа го забележа и претседателот на државата Александар Вучиќ, дека досега само мојата идеја за разговорите за разграничување, на тоа што е српско и тоа што е албанско, предизвика голема нервоза на многу страни, рече Дачиќ за Спутњик.
Таквата нервоза, како што наведе, не предивикуваат ни предлозите за откажување од Косово, ни предлозите да се одржи замрзнат конфликт, пренесува Танјуг.
- Можеби сета оваа нервоза, која ја предизвика мојот предлог е и показател за тоа по кој пат треба да одиме и како да дојдеме до решение, со кое сите страни ќе бидат незадоволни, рече тој.
Дачиќ, потоа додаде, само едно такво решение истовремено ќе обезбеди траен компромис за иднината.
-За деталите од планот ќе разговарам со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кога внатршниот дијалог за Косово ќе стане институционализиран, најави Дачиќ.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок