Дачиќ: Ќе поднесам оставка ако Косово влезе во Интерпол
На седницата на Интерпол во октомври, Косово сигурно нема да биде примено во таа меѓународна организација, тврди српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, додавајќи дека ако сепак тоа се случи, тој ќе поднесе оставка.
Со потсетување дека веќе 15 земји го повлекле признавањето на косовската независност, Дачиќ тврди дека наскоро ќе има нови повлекувања и оти од 116 земји кои го признале Косово ќе останат помалку од 96, јави Танјуг.
– Тоа не е моја индивидуална, лична акција. Тоа го договорив со претседателот на државата Александар Вучиќ, а зад тоа стои Владата на Србија. Тоа е многу значајно за позиционирање на нашата држава бидејќи не би инсистирале толку да се запре со акцијата на повлекување признавање доколку тоа немаше ефект, оцени Дачиќ.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени