Балкан
25. November 2015 - 12:50

Дачиќ: Инцидентите, како соборувањето на рускиот воен авион, ја усложнуваат ситуацијата во светот

Настаните слични на турскиот напад на рускиот воен авион Су-24 само ја усложнуваат ситуацијата во современиот свет, изјави денеска претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), и прв вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, пренесе ТАСС. 

-Секое  усложнување на ситуацијата во светот, како што покажаа вчерашните настани, кога беше соборен руски авион од страна на Турција, или таквите настани како миграциската криза, само дополнително го усложнуваат светот во кој живееме, рече Дачиќ.

„Овој свет толку лесно може да биде уништен, но и толку е тешко да биде погребан и да се зачуваат неговите принципи. Србија на себе ги почуствува прекршувањата на сите принципи на меѓународната заедница“, изјави Дачиќ.

Дачиќ изјави дека учесниците на седницата на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Белград, на 3 и 4 декември, ќе се разгледа соработката во борбата со тероризмот.

Тој , исто така, кажа дека во современиот свет повторно нараснува заканата за безбедноста и ја подвлече важноста на принципите на зачувување на целостта и суверенитетот на државите, како и недозволивоста од примена на сила за промена на границите.