Спорт плус
14. February 2017 - 15:56

Дачиќ и Косарац победници на првиот ден од Мавровскиот меморијал

Еди Дачиќ од Хрватска и Дејана Косарац од Босна и Херцеговина победија на трките од првиот ден од Мавровскиот меморијал што се одржуваат на патеката „Мирна долина“.

Во трката на 10 километри кај мажите Дачиќ имаше време 19:47.0 минути, а второто место го освои Дамир Растиќ од Србија кој беше побрз од Младен Плакаловиќ од БиХ за две десетинки.
Четвртото место го освои македонскиот репрезентативец Дарко Дамјановски, кој имаше време 20:44.5 минути или 57.5 секунди заостанување зад победникот, а 1.1 секунда подобар резултат од Турчинот Хамза Дурсун. Од нашите натпреварувачи на 11.место се пласира Ставре Јада.
Кај жените на патеката од 5 километри најбрза беше Косарац со време 12:27.8 минути, пред Сања Кусмак (БиХ), а место на пиедесталот избори и Македонската Викторија Тодоровска со време 12:46.0 минути.
Кај мажите стартуваа 25 натпреварувачи, а пласман постигнаа 21, додека кај жените сите 21 имаа пласман.
Утре повторно ќе има натпревари на 10 км кај мажите и на 5 км кај жените.