Балкан
21. November 2017 - 20:25

Дачиќ: Гвинеја Бисао ја повлече одлуката за признавање на Косово

Гвинеја Бисао денеска ја повлече одлуката за признавање на Косово од 2011 година, изјави министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ за српската агенција Танјуг. 

- За ова денеска ме извести премиерот на Гвинеја Бисао, рече Дачиќ.

Тој додаде дека таа земја за денешното повлекување на признавањето испратила дипломатска нота на официјална Приштина.