Дачиќ: Двоен суверенитет на Косово е неприфатливо решение за Србија
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ја оцени како шпекулација идејата за двоен суверенитет како решение за косовскиот проблем, додавајќи дека такво нешто официјално не е предложена, но и дека тоа е неприфатливо за Србија.
Дачиќ за РТС изјави дека двоен суверенитет значи дека на северно Косово по 10 години ќе може да се одржи референдум.
– Ова решение подразбира дека Србија ќе го признае Косово, дека овој дел (северно Косово) ќе биде под влијание на двојниот суверенитет и дека во иднина некогаш треба да се одржи референдум. Ова за Србија е идеја што не е прифатлива, изјави Дачиќ.
Тој нагласи дека ова решение официјално никој не го изнел, додавајќи дека тоа не постои никаде во светот и дека не гледа зошто тоа би го прифатила Србија.
Дачиќ оцени дека Берлинскиот самит на 29 април, со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и претставниците на Белград и Приштина, е свикан на огромното изненадување на Брисел.
– Од наша страна е јасно, потребно е да се укинат таксите. Веројатно ќе има притисок да се продолжи и без тоа и од Србија ќе се бараат одредени дополнителни отстапки, изјави Дачиќ.
Според него, првиот дел од состанокот во Берлин ќе биде посветен на регионални прашања, а вториот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација