Македонија
3. September 2016 - 17:29

Да видиме како работи центарот за традиционална кинеска медицина во Штип

Над 500 пациенти се третирани за само неколку месеци од отворањето во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип, кој е прв државен центар во Европа. 

Во Центарот се применуваат сите методи на традиционална кинеска медицина, коишто се практикуваат и во болниците во Кина. Додека западната медицина ги третира симптомите и болеста, наведува таа, традиционалната кинеска медицина го лекува пациентот. Истанува дека според традиционалната кинеска медицина, сите делови од телото се интимно поврзани меѓу себе и не е возможно да се лекува само еден симптом, орган или дел од телото, без да се земе во предвид целото тело.

­ Секој пациент по своја желба може да ги користи услугите од областа на традиционална кинеска медицина кои се нудат во Центарот и не е потребен упат од матичен лекар или специјалист. Основањето на Центарот е во рамки на проектот на Владата со поддршка од Министерството за здравство за развој на оваа дејност во Република Македонија.