Свет
25. March 2019 - 21:36

„Да убијам неколкумина и се враќам“: Србин во Германија побегна од затвор и сее страв во Европа

Германската полиција неколку дена трага по Србинот Даниел Војновиќ кој успеа да им избега иако отслужува казна затвор.

31-годишниот Даниел осуден на три години затвор поради разбојништва, но сепак му било дозволена да ја посетува родителската куќа во Билефелд.

Викендот кај родителите го искористил да не се врати во затвор и побегнал низ прозорот од спалната соба.

Сепак на полицијата и оставил порака „да убијам неколкумина и се враќам в затвор“. Сега е на потерница и го бара цела Европа.