-->
-->
Да се забрани греење на дрва - предлага независната група на ВМРО-ДПМНЕ!
-->
Да се забрани греењето на дрва, и да престане да се користи јаглен, нафта и мазут. На овој начин дека независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе се намали загадувањето.
Оваа пратеничка група следната недела ќе поднесе закон, кој предвидува сет мерки против загадувањето, а би почнал да важи од 2021 година. Со него се очекува за 50 проценти да се намали загаденоста на главниот град на земјава.
Пратеничката Емилија Александрова рече дека со законот ќе бараат забрана за греење на дрва и целосна екологизација на институциите и домовите.
„Со овој закон ќе иницираме да престане да се користи јаглен, нафта, мазут, како и греењето на дрва. Ќе бараме бесплатни печки на пелети, субвенционирана цена на пелети, приклучување на сите институции на системите за топлификација, а јавниот превоз, односно автобусите да бидат на метан или на електричен погон. Истото ќе важи и за такси превозниците. Согорувањето на масло, гуми, да биде кривично дело и да се стави забрана на увоз и согорување на отпад“, рече Александрова.
Таа ги повика сите политички чинители да дадат поддршка на законот, за да може да го донесе овој парламентарен состав до распуштањето на Собранието.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина