Да се стави крај на криминалот и корупцијата, порача Спасовски, кој ги поддржува ставовите на амбасадорка Агелер
– Мора час поскоро секој од нас да направи максимум со своето делување да се стави крајот на криминалот и на корупцијата во државата од секој можен аспект. Да се створи систем што ефикасно и брзо ќе одговори.
Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатена од Струмица, каде новинарите побараа одговор од него за критиките упатени од американската амбасадорка Анџела Агелер во однос на корупцијата во земјава и фактот што САД испраќа тим за санкции во Северна Македонија.
Секој од нас треба да има загриженост за тоа што практично ни се случува во државата, истакна Спасовски и додаде дека ги поддржува апсолутно сето она што беше изнесено од страна на амбасадорот на САД, но и од други релевантни фактори.
– Ние како МВР апсолутно стоиме на рапсолагање во секој поглед да ги поддржиме сите овие активности. Тоа практично е приоритет и на Владата и тој приоритет мора до крај да биде реалзиран и во секоја пора од македнското општество да се навлезе, да се реализира и секој еден што навистина се занимава со криминал од било каков тип да сноси сериозна одговорност, изјави министерот Спасовски денеска по посетата и средбите во СВР Струмица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација