Loading Video...
Фудбал
5. September 2018 - 19:49

Да се победи Гибралтар на стартот од Лигата на нациите

Македонската фудбалска репрезентација утревечер во 20.45часот стартува во Лигата на Нациите и тоа на гости кај Гибралтар. Денеска одржана и прес конференција на која селекторот и капитенот на нашиот тим ја истакнаа важноста на стартната победа за ова ново натпреварување кое може да не однесе на ЕП.

                Одржани се и неколку тренинзи на теренот во Гибралтар каде се воигруваа варијатни со кои може да се разбие дефанзивата на противникот.  Во нашиот табор очекуваат цврста одбрана на Гибралтар кој најави игра со еден напаѓач. Селекторот Ангеловски изјави дека Македонија е подготвена да го започне циклусот во Лигата на нациите со победа.

                 - Ги реализиравме подготовките за натпреварот против Гибралтар. Се навикнавме на временските услови и на условите за игра, пред се на теренот. Верувам во моите фудбалери и убеден сум дека ќе оствариме позитивни резултати. Нема да експериментираме со тимот, ќе настапат најдобрите. Верувам дека сите ќе имаат вистински пристап и со победа ќе започнеме во ова натпреварување- изјави пред новинарите Ангеловски.

                Оптимист е и капитенот  Горан Падев иако многу малку се знае за противникот . Малите селекции во минатото правеле проблеми и затоа треба да се одигра максимално сериозно бидејќи се игра на вештачки терен и мал стадион- категоричен е капитенот на нашиот тим.