Да се донираат средства за обнова и реконструкција на ГТЦ „Глобал“ – Струмица, препорачува Владата
Владата денеска на 40-та седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица.
Како што информира владината прес-служба, Владата донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор, во рамки на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица.
И Здружението на граѓани „Обнова Глобал“ – Струмица ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ „Глобал“ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.
Како што се наведува во соопштението на здружението, паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка – 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.
-Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ „Глобал“ – Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини, стои во соопштението на здружението на граѓани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица