Да помогнеме и ние: Малиот Никола со виолина собира пари за својата болна сестричка
Продолжуваат напорите на семејството Прочкови од Богданци за да ги соберат потребните средства за лекување на деветгодишната Ивана која треба да се оперира во Германија.Братот Никола неодамна во своето училиште на виолина свиреше хуманитарен јавен час за донирање средства. Изведе неколку дела а беше придружуван на клавир од својата професорка.
Ивана има искривување на рбетниот столб кај вратот од 51 процент и е потребен оперативен зафат во Германија за што се потребни околу 58 илјади евра. Хуманитарен концерт за помош на малата Ивана одржа и фолклорниот ансамбл Мегдан од Богданци. Семејството Прочкови верува во хуманоста на луѓето за што се отворени и телефонските броеви за донирање:
070 143 181
075 143 850
077 143 704
Цената на еден повик е 100 денари.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари