Џет-Сет
18. February 2018 - 12:17

„Да не ми умреше детето, Брена немаше да стане ѕвезда“

„Моето дете умре, а се роди ѕвезда – Лепа Брена“, вели Спаса Мечанин, првата пејачка на „Слатки грех“.  По 36 години таа решила да ја открие вистинската причина зошто се повлекла од светот на музиката.

„Мојот покоен сопруг Малиша Николиќ не ме грабна од сцената, туку ме одведе дома и се венчавме во Смедерево на 13 јануари 1980 година. Во јануари се зедовме, а во април го загубив бебето. Докторите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да можам да забременам, но после го родив Милош. За жал, без маж останав рано. Малиша загина во сообраќајна незгодна 1983 година“, раскажала Спаса.

Заради нејзиното ведро расположение пејачката често ја нарекувале „Спаса лујка“.

„На Брена ѝ беше судено да биде ѕвезда. Мене ми се случи зло на сцената. Моето дете умре, а се роди ѕвезда. Еден месец лежев во болница, имав сепса во почетен стадиум, со месеци не можев да се опоравам. Тогаш оставив сè. Тоа е моја голема рана, нешто што никогаш нема да преболам“, додала Спаса во  интервјуто. Таа никогаш веќе не продолжила да пее.