Балкан
25. December 2015 - 22:14

Да не даде Бог на никого ова - Потресна судбина на оваа измачена баба

Приказната за тешкиот живот на бабата Јулка Бандовиќ од Босна и Херцеговина предизвика големо внимание на социјалните мрежи, аголем број на граѓани од регионот сакаат да и помогнат. 

Таа поради болеста во детството не може да се исправи ни да оди, цел живот го поминала лазејќи како бебе со дрвени ногарки. 

Бабата живее во тешки услови, собата во која ги поминува деноти и ноќта е ладна, па сака како што таа вели да има топол душек и нешто што би и ги загреале нозете. 

- Ноќта е ладна... Бог да чува. Мојата куќа е ладна колку до Бога, но не можам да набавам... Ако има некој топол душек, ако не, некој денар да ми даде, па овде е комшијата се ќе ми набави што ми треба, вели бабата Јулка. 

Таа не може ни да готви, но затоа е тука нејзината соседка која секој ден и носи храна

- Не можам да готвам имам една сосетка која прави ручек ми носи јадење. што да правам кога морам, кога не можам да ги кренам рацете, раскажува Јулка.