Свет
16. April 2018 - 12:11

Да го избереше Трамп ова сценарио, третата светска војна ќе започнеше во саботата: Имал три опции пред себе, еве каде се предомислил

Претседателот на САД Доналд Трамп и американската воена команда имале како реална опција да ги нападнат руските системи п-ротиввоздушната одбрана во Сирија. 
Волстрит журнал пишува дека Трамп имал во план да ги нападне руските системи ПВО.
 
Како што наведе неименуван извор на американскиот весник кој е добро познат со ситуацијата, шефот на Пентагон Џејмс Матс му предложил на Трамп три сценарија на воената операција во Сирија.
 
 
Во првото било  предвидено нападот на сиријските објекти кои имаат врска со хемиско оружје, во  второ уништување на голем број на цивили, вклучувајќи ги и сиријските командтни центри. Во третото сценарио на удар се нашле и руските системи ПВО во Сирија. 
 
Според зборовите на изворот, Трамп инсистирал на нападор на руските и иранските објекти во Сирија, но Матс успеал да го убеди да направи  „ хибриден план“ кој на крајот беше реализиран. 
 
САД, Велика Британија и Франција нападот врз Сирија  го изведоа ноќта меѓу 13 и 14. април. 
 
Претседателот на Русија, Владимр Путин ја нарече агресивна воена операција на суверена држава, потсетувајќи дека хемискиот напад во Сирија не е потврден.